19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДо крајот на годината во Грција ќе има 30 проценти невработеност

До крајот на годината во Грција ќе има 30 проценти невработеност

20130323-175947.jpg

Генералната конфедерација на трудот (ГСЕЕ), грчкиот најголем синдикат на вработените во приватниот сектор, соопшти дека според неговите истражувања, невработеноста во земјата до крајот на годинава ќе достигне 29 проценти, односно бројот на невработени во Грција ќе достигне еден милион и 450 илјади луѓе.

Според грчкиот завод за статистика, стапката на невработеност во последниот квартал од минатата година достигна 26 проценти, јави дописникот на МИА од Атина.

Истражувањето на ГСЕЕ исто така покажало дека просечниот бруто приход во Грција паднал за 29 отсто од 2009 година, додека просечната цена на стоките и услугите се зголемила за 17 отсто во споредба со нивото од 2007 година. јт

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП