Доналд Трамп направи вистинска промена во изминативе неколку месеци во Америка, но и во целиот свет, прво кога ја објави својата кандидатура за Претседател во јуни, а потоа и со својата изјава дека е „тежок“ 10 милијарди долари.
Бројката е спорна со оглед дека „Forbes“ го проценува неговото богатство на 4 милијарди. Меѓутоа, тоа што не е спорно е фактот дека Трамп е многу богат човек.
Како што е случај со повеќето најбогати луѓе во светот, за своето богатство можат да се заблагодарат пред се на начинот на размислување и својата психа. Постојат многу текстови кои објаснуваат дека богатите луѓе размислуваат поразлично од просечните луѓе, а и Трамп не е исклучок. Неговиот „милијардерски менталитет“ е откриен според нешто што го изјави за „The Wall Street Journal“, a го пренесува „Business Insider“. Tоа е следнава реченица: „Никогаш во мојот живот немам изгубено“.
Сепак, луѓето не се со кратка меморија. Во минатото, Трамп доживеа банкрот во бизнисот, стартуваше неколку компании кои доживеаа дебакл, а и има два пропаднати бракови. Но, ние не сме предодредени да се опоравиме од тешките времиња со иста јачина, баш како тој.
После неколку бизнис неуспеси, овој магнат, кој има 69 години, се чини дека се движи подобро од кога било досега. Тој се мери во милијарди, што го прави еден од кандидатите за претседателските избори во 2016-та година кој најмногу заработува. И, по два брака зад себе, се врати на сцената со својата нова сопруга, словенечкиот супермодел Мелани Кнус.
И покрај големите и многубројни загуби, тој и натаму тврди – дека никогаш не изгубил, и ова размислување е токму она што го прави успешен.
„Тајната на успехот не е да ги избегнувате или да бегате од своите проблеми“, напиша милионерот и автор на книгата „Тајната на умот на милионерите“- Т. Харв Екер, „Тајната е да се јакнете себеси и така да станете поголем од било кој проблем“.
Тој понатаму вели дека наместо да се фокусираат на проблемите и неуспесите, многу успешните луѓе се фокусираат на нивните цели и достигнувања.
Трамп овој принцип на збогатување го доведе до крајност. Освен што не се соочува со грешките од минатото, тој целосно ги демантира.