2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСедум години од појавата на светската економска криза

Седум години од појавата на светската економска криза

1442406778ekonomska-kriza

Банкротот на американската инвестициска банка „Lehman Brothers“, кој предизвика една од најголемите светски финансиски и економски кризи, беше прогласен пред седум години.

Од пропаста на банката „Lehman Brothers“ до денес, владите на многу земји издвоија големи суми на пари, за да спречат верижна реакција на светскиот пазар на капитал.

Многу политичари таквото опкружување, поради силната финансиска интеграција на еврозоната, односно можноста за лесно пренесување на кризата од една до друга земја, ги наведе да основаат свои надзорни тела и органи.

Беше неопходно да се изгради систем за осигурување на финансиската стабилност во еврозоната и да се одговори со адекватна политика. Кризата влијаеше и на нарушувањето на кредитното портфолио на банките и растот на ризиците за активата, што го зголеми и притисокот врз капиталот на банките. Затоа финансиските институции покрај проблемот со ликвидноста, се соочија и со проблеми со солвентноста, што влијаеше на некои земји да реагираат со директна инекција во капиталот во банките, што доведе и до национализација на одделни банки.

Како одговор на кризата, беше формиран Европскиот стабилизационен механизам кој овозможи финансиска помош во форма на кредити, но под стриктни услови и на база на детална анализа на Европската комисија и Меѓународниот монетарен фонд.

Исто така, претходниот период го одбележаа и стрес тестови на банките, додека познатите светски бонитетни куќи внимателно ги следеа рејтинзите на водечките држави во светот и во неколку наврати ги намалуваа.

Излезната стратегија, според мислењето на многу аналитичари, во наредиот период ќе биде предмет на дебата на глобално ниво и на ниво на ЕУ.

Крајот на ова лето го одбележа големиот пад на кинеските берзи, кога за еден ден тие загубија милијарда долари, што многумина ги потсети на крахот на њујоршката берза пред седум години.

Кризата на шангајската берза европските компании ги чинеше повеќе од 400 милијарди евра.

Експертите проценуваат дека берзата предвидува случувања во економија од три до шест месеци однапред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП