18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНа повидок спојување на два пивски гиганти

На повидок спојување на два пивски гиганти

av

Најголемиот светски производител на пиво “AB InBev”(Anheuser-Busch) објави дека има намера да го купи својот конкурент “SABMiler”(Miller), со што би се направил гигант кој ќе произведува околу третина пиво од светското производство и ќе има пазарна капитализација поголема од 200 милијарди евра.

Вториот по големина производител на пиво, “SABMiler”, соопшти дека “AB InBev” ги известил за намерата дека сака да достави понуда за купување, додавајки дека нема никакви детали за модалитетите за евентуалната понуда, пренесува Ројтерс.

Управниот одбор на “SABMiler” ќе го разгледа секој предлог и ќе одговори на соодветен начин, се вели во соопштението на компанијата.

“AB InBev” потврдија дека контактирале со “SABMiler”, со објаснување дека сака да соработува со Управниот одбор на “SABMiler” поврзано со понудата за пријателко купување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП