19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПопладне во прекин ќе биде сообраќајот кај село Врбјани

Попладне во прекин ќе биде сообраќајот кај село Врбјани

avtopat---ooko

Поради изведување градежни работи на пат (минирање) на патниот правец А2 Охрид – Кичево (планински превој Пресека – с.Врбјани) во четврток помеѓу 14.00 и 16.00 часот, сообраќајот ќе биде во прекин во интервали од 15 – 20 минути.

Во наредните два дена поради снимање на филм, од 7 до 19.00 часот затворена за сообраќај ќе биде и Скопската обиколница, Делница 3 Автопат 2, кл.„Хиподром“-кл.„Сарај“. Обиколницата од 7 до 19.00 часот ќе биде затворена и на 21.09.; 22.09.; 23.09.; 24.09.; 25.09.; и 28.09.2015.

На останатите патишта низ Македонија сообраќајот се одвива без прекини и по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП