3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалените залихи во САД ја кренаа цената на нафтата

Намалените залихи во САД ја кренаа цената на нафтата

nafta bareli2

Цената на нафтата порасна денеска на светските берзи, поттикната од неочекуваниот пад на залихите во САД, каде спласна загриженоста поради прекумерното снабдување и ги потисна во втор план прогнозите за послаба побарувачка во Азија.

На лондонската берза цената на барелот за испорака во ноември беше во плус 68 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 48,43 долари. Договорите за испорака во октомври истекоа во вторник. На американската берза со барелот денеска се тргува по 73 центи, од 45,32 долари.

Американскиот пазар порасна откако вчера беше објавен извештајот на Американскиот институт за нафта (API), неочекувано кој покажа пад на залихите во САД во минатата недела за 3,1 милион барели. Аналитичарите очекуваа дека залихите ќе пораснат.

„Оваа е недела на важни податоци“, толкува Мајкл Хјусон од CMC Markets, додавајќи дека актуелниот раст на цените поврзан токму со прилагодувањето на позициите пред објавата на податоците.

Вниманието се насочува кон официјалниот неделен извештај на американската влада за залихите кој ќе биде објавен во текот на денот.

Податокот за падот на залихите во САД ја пригуши загриженоста поради прекумерното снабдување и можното побарување од Азија.

Податокот за падот на залихите во САД ја пригуши загриженоста поради прекумерното снабдување и можно намалување на побарувачката од Азија, откако инвестициската куќа Macquarie прогнозираше пригушена побарувачка од кина во четвртиот квартал.

Во фокус на инвеститорите е и претстојната редовна месечна седница на американската централна банка на која според многу аналитичари треба да биде донесена одлука за кревање на каматните стапки во САД. Сепак, овие прогнози може и да не се остварат поради превирањата на акциите ширум светот, а особено во Кина. Дополнителен генератор на неизвесноста се и разочарувачките кинески податоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП