18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАS&P го снижи кредитниот рејтинг на Јапонија

S&P го снижи кредитниот рејтинг на Јапонија

japan sp 993

Агенцијата  Standard & Poor’s го снижи кредитниот рејтингот на Јапонија за едно ниво, проценувајќи дека на властите веројатно нема да им појде од рака во следните години да го зајакнат економскиот раст и да ја сузбијат дефлацијата.

Кредитниот рејтинг на Јапонија е променет од ‘AA-‘ на ‘A+’, со што третата по големина светска економија е префрлена од категоријата „високи оценки“ во категоријата „високи средни оценки“.

„И покрај почетните ветувачки сигнали, владината стратегија за заживување на економскиот раст и ставање крај на дефлацијата веројатно нема да доведе до пресврт во наредните две до три години“, сметаат од агенцијата.

Прогнозата на рејтингот е стабилна и ги одразува очекувањата на агенцијата дека „умерениот раст  и стабилизацијата на ниво на цените ќе го забави државниот долг во наредните две години и на крајот ќе го стабилизира“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП