22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИванов ги повика црногорските компании да ја посетат Македонија и да се...

Иванов ги повика црногорските компании да ја посетат Македонија и да се уверат во поволните услови

ivanov cg 44

Во рамки на официјалната посета на претседателот Ѓорге Иванов на Црна Гора, денеска во Подгорица беше организиран македонско-црногорски бизнис-форум на кој пред претставници на 45 компании од двете земји беа презентирани можностите за инвестирање во Македонија, поволниот амбиент и регулатива за отворање бизниси.

Претседателите на Црна Гора и Македонија, Филип Вујановиќ и Ѓорге Иванов на отворањето на форумот истакнаа дека во сите области е постигнат максимум во соработката меѓу двете држави, но економската, каде што има голем потенцијал, е условена од отежнатата патна инфраструктура.

Комуникацијата на бизнис-заедниците ќе биде подобрена преку поврзување на Јадранско-јонската магистрала со коридорите 8 и 10, за која претседателот Иванов рече дека треба час поскоро да биде завршена. Побрзо решение на овој проблем се очекува со отворањето директни авиолинии Скопје – Подгорица и Скопје – Тиват кои во туристичка сезона би биле почести и во двата правца, а вон сезона да има летови неколку пати неделно. Тоа ќе се постигне и преку субвенционирање на нискобуџетни авиокомпании.

„Овој форум е можност да се запознаете и ја да развиете соработката во оваа насока. На нас, политичарите, е да ги отстрануваме бариерите и да ви создаваме услови за соработката. Но, на вас, стопанствениците, е да ги препознаете можностите и да ги искористите. Ако Македонија и Црна Гора можат да имаат заеднички амбасади, тогаш зошто македонските и црногорските компании да немаат заеднички настапи на трети пазари? Заедно можеме да бидеме и поконкурентни и попривлечни на европскиот и глобалниот пазар“, рече Иванов и ги покани црногорските бизнисмени да ја посетат Македонија, да се запознаат со постојните капацитети и со позитивното искуство на компаниите кои веќе работат во Македонија.

Можностите за инвестирање во Македонија на црногорските компании им ги презентираше и министерот за странски инвестиции Бил Павлевски.

На форумот учествуваше и претприемачот Илија Вучков, како претставник на претприемаштвото во Македонија, што е во согласност со програмата на претседателот Иванов – во делегацијата на РМ за презентација на бизнис-можностите да учествуваат и млади претприемачи, претставници на мали и средни бизниси, кои нудат иновативни услуги и производи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП