8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се градат домови за стари лица со ниски пензии

Ќе се градат домови за стари лица со ниски пензии

груевски-домови

За пензионерите со ниски примања кои не можат да си дозволат престој во приватните старски домови, ќе се градат нови домови, најави премиерот Никола Груевски.

Владата планира изградба на нов дом за стари лица, односно за лица чии пензии се толку ниски што не може да бидат прифатени во приватните старски домови, најпрво во Скопје, а потоа и во другите градови.
„Сакаме да помогнеме да се зголеми капацитетот на државните старски домови, но не сакаме да им бидеме конкуренција на приватните. Од една страна тие помогаат со згрижување на стари лица кои имаат потреба од такви домови, а од друга страна не ја вршат работата за оние пензионери кои имаат пониски пензии и немаат имот. Нашата одлука е да почнеме градба на нов старски дом, прво во Скопје, а потоа и во други градови во Македонија кои ќе ги згрижуваат лицата кои не можат да бидат прифатени во приватните домови“, рече Груевски, при промоцијата на новата лабораторија на Клиниката за гинекологија во Скопје.

Премиерот рече дека во изминативе неколку години отворени се 17 нови старски домови во кои се сместени околу 600 лица, а во моментов во Скопје е исполнет капацитетот во државните домови.

„Она што ние го планираме е речиси дуплирање на овој капацитет, изградба на нов дом кој ќе се одвива во три фази. Првата фаза ќе биде за 170 лица ќе чини околу милион евра. Министерството за труд и социјална политика во наредните две-три недели ќе ги започне постапките за проектирање на старски дом. Во втората половина на идната година откако ќе биде избран проектант и откако ќе биде објавен јавен повик за изведувач на објектот, очекуваме да започне и изградбата на првата фаза“, појасни премиерот Груевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП