9 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗГолемиот нов Renault Megane (фото)

Големиот нов Renault Megane (фото)

meganica

Основната и најважна премиера на штандот на „Renault“ во Франкфурт беше за новата генерација на хечбекот „Megane“. Моделот го претстави лично Карлос Гон, директор на француската компанија.

Четвртата генерација на „Megane“ е изградена на нова платформа – модуларната „CMF“, користена за поголемите и поскапи „Kadjar“ и „Talisman“. Тоа е овозможено со интеграцијата на системи и технологии кои се користат во повисокиот сегмент.

meganica1

Дизајнот исто така е под влијание во голема мера од претходно презентираните „Espace“, „Kadjar“ и „Talisman“. Така на пример новиот „Renault Megane“ демонстрира специфичен светлосен потпис напред во форма на „Ц“, кој е преплавен во предниот браник. Истото решение е употребено и за задниот дел, а тука елементот е видлив и во текот на денот. Силуетата е далеку подинамична во споредба со претходниот модел, а за предните и задните светла е употребена LED технологија.

Повторно во склад со најновите автомобили на „Renault“ внатрешноста е декорирана со целосно дигитална инструмент табла со 7-инчен „TFT“ дисплеј. Централната конзола е речиси целосно заменета со вертикален екран на допир со кој се командува со повеќето функции на возилото. Тој може да биде 7-инчен или 8,7-инчен, а освен тоа е достапен и колор „head-up“ дисплеј.

meganica2

Суштинска промена има и во димензиите на популарниот модел, благодарение на што ентериерот стана повеќе простран. Вкупната должина се зголемила за 64 мм (до 4359 мм) во однос на третата генерација „Mеgane“, меѓуоскиното растојание веќе достигнува 2669 мм (+28 мм), а висината е редуцирана за 25 мм. Багажниот простор пак нуди волумен од 434 литри, а се достапни дополнителни 25 литри во форма на џебови за складирање во внатрешноста.

Исто така новина е технологијата „Multi-Sense“, која овозможува прилагодување на управувањето на автомобилот, реакцијата на педалот за гас и моторот, брзината за менување на брзини на „EDC“ трансмисијата, контролата на функцијата за масажа на седиштата и амбиентното светло.

meganica3

Палетата на мотори е претставена од четири дизел и три бензински мотори. Дизелите генерираат 90, 110, 130 и 165 КС, а кај бензинските моќноста е 100, 130 и 205 КС. Изборот од трансмисии е меѓу мануелен 6 степен и автоматски „EDC“ со две спојки и 6 или 7 степени.

Детални информации за динамичките карактеристики недостасува, но, пак, беше нагласено дека економичната верзија – „dCi 110 ECO2“ троши во просек по само 3,3 л/100 км.

meganica4

Шлаг на тортата сепак е најбрзата верзија, создаден во духот на автомобилите на „Renault Sport“. Таа носи се нарекува „Megane GT“, а може да биде опремена со дизел или бензински мотор. Дизелот генерира 165 КС, а кај бензинот моќноста е 205 КС. Врвната модификација се одликува со акцент на спортскиот ентериер и екстериер, како и со системот со четири тркала „4Control“. Достапни се системите „Launch Control“ (брзо поаѓање) и „Multi Change Down“ (брзо менување на брзините).

Во почетокот на 2017-та година ќе се појави уште една интересна модификација, која беше најавена од Карлос Гон. Таа ќе претставува „Hybrid Assist Diesel“, или кажано инаку дизел-електрични хибрид. Информациите во моментов се ограничени, но сепак беше соопштено дека просечната потрошувачка на гориво ќе биде под 3,0 л/100 км.

meganica5

Продажбата на новата генерација „Megane“ во Европа ќе стартуваат во почетокот на 2016-та година. Ценовникот треба да биде објавен подоцна во оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП