19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБоинг отпушта 2000 работници

Боинг отпушта 2000 работници

boeing-logo

Американската авиокомпанија Боинг има во план да отпушти повеќе од 2000 вработени кои работеле на развојниот капацитет на авионите 747 и 787.

До крајот на оваа година компанијата ќе отпушти 800 работници, а понатаму од 1200 до 1600 вработени ќе останат без работа во зависност од проценките за зголемената работна снага во одредени производни сегменти.

Портпаролот на Боинг тврди дека отпуштањата немаат никаква врска со проблемите на акумулаторите на авионите 787 и дека ваквиот чекор бил планиран веќе подолго време.

Компанијата Боинг ја стопираше испораката на авионите 787 во средината на јануари, по забраната за летање на тој тип авиони, но и натаму продолжија со изработката на пет авиони во текот на еден месец.

Од најновиот модел на Боинг се очекуваше премногу, меѓутоа од кога започна да лета имаше низа проблеми, вклучувајќи ги палењата на акумулаторите и течењето на гориво.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП