4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроектот за згрижувачки семејства презентиран во Ѓорче Петров

Проектот за згрижувачки семејства презентиран во Ѓорче Петров

zgrizuvachki-semejstva

Јавна трибина на која се презентираше проектот за згрижувачки семејства на Министерството за труд и социјална политика се одржа во среда во Центарот за култура во општината Ѓорче Петров.

Што значи сместување во згрижувачко семејство , кој има право на сместување во згрижувачко семејство, кој може да биде згрижувач и кои се неговите права и обврски , беа дел од темите кои беа опфатени.

Семејствата кои сакаат или се во можност да помогнат н а децата кои се наоѓаат во тешки услови за живеење треба да ги исполнат законските критериуми во однос на здравствената состојба, материјалните и станбените услови .

Згрижувачот добива обука, стручна помош и поддршка од страна на стручниот тим на Центарот за социјална работа , како и соодветен паричен надоместок во износ од 6,500-8,000 денари за трошоците за покривање на згрижувањето.

Семејствата кои згрижиле дете повеќе од 5 години имаат право после навршување на 62 години да се стекнат со постојан паричен надоместок од 8.000 денари до крајот на својот живот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП