23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Мигрантите се потребни, ќе ја зголемат работната сила

ЕЦБ: Мигрантите се потребни, ќе ја зголемат работната сила

ецб-миганти-работна-сила

Се постарите европејци извршуваат „демографско самоубиство“, поради што им се потребни мигрантите за да се спречи понатамошно намалување на работната сила.

Во интервјуто за Ројтерс, потпретседателот на Европската централна банка (ЕЦБ), Витор Констанцио, ја потврди подготвеноста на ЕЦБ да печати нови банкноти, наведувајќи дека таа институција во рамките на програмата за квантитативно олабавување купи значително помалку актива од своите колеги во САД, Јапонија или Британија, известува агенцијата Ројтерс.

Констанцио, сепак, предупреди дека иако ЕЦБ може да го зголеми обемот на печатење на банкнотите, очекувањата дека централната банка е во состојба сама да направи пресврт во економијата на еврозоната, се нереални. Имиграцијата, како што изјави, сепак може да помогне.

Популацијата на еврозоната минатата година порасна за 0,25 проценти, при што седум од 19 земји регистрираа намалување на популацијата. Наспроти тоа, популацијата во САД порасна за 0,75 проценти, додека Австралија, која немала рецесија од 1991 година, евидентираше раст на популацијата од 1,4 проценти. „Стапката на невработеност во Европа е на многу високо ниво од 11 проценти, што го дестабилизира континентот. Европските вредности се загрозени, како резултат на стравот кој ја создава невработеноста“, изјави Констанцио.

Тој се осврна на еден од факторите кој е одговорен за забавување на економијата на еврозоната, а тоа, според неговите зборови, е стареењето на жителите и намалувањето на работната сила која во наредните децении ќе продолжи да опаѓа.

„Тоа е многу сериозен проблем, биејќи со години Европа извршува некој вид на колективно демографско самоубиство. За пресврт на овој демографски тренд промовирањето на наталитетот не е доволно. Тоа исто така мора да биде направено преку имиграција. Ако тоа не се случи, создаваме големи потешкотии за остварувањето на раст и за благосостојбата на идните генерации“, изјави Констанцио.

Според неговите зборови, ЕЦБ има можност да ги прошири актуелните напори за стимулирање на економијата преку програмата за квантитативно олабавување, но на Европа исто така и се потребни и американската и кинеската економија за да оди напред.

Констанцио предупредува дека потенцијалите за економскиот раст на Европа се слаби, поради факторите како што се намалувањето на пазарот на труд.

„Потенцијалниот економски раст е многу низок, а во актуелните услови стравуваме дека ова ќе биде подолг период на низок раст“, изјави тој.

Неговите изјави доаѓаат во момент кога бранот на лица кои бегаат од војната, заедно со економските мигранти кои бараат работа, навира во Европа од земјите како Сирија и Авганистан, што доведе до тензии меѓу членките на Европската унија, поради несогласувањата во решавањето на проблемите околу нивниот прием, наведува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП