6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзградена нова улица во економската зона Марино-Кадино

Изградена нова улица во економската зона Марино-Кадино

marino-kadino

Општина Илинден соопшти дека денеска е изградена новата улица во локалната економска зона Марино-Кадино, во рамки на реализацијата на проектот за подобрување на инфраструктурата во стопанските комплекси и локалните економски зони.

Станува збор за улица во должина од 400 и широчина од 7 метри, во чија изградба се инвестирани 4 милиони денари, сопствени средства од Буџетот на Општина Илинден.

Новата економска улица е од големо значење за локалниот економски развој, со оглед на тоа што ги поврзува стопанските објекти во оваа економска зона со локалниот пат Марино-Кадино, а ќе биде од големо значење и за другите стопански капацитети што интензивно се градат или, почнуваат да се градат во оваа економска зона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП