20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндексите на Волстрит пораснаа за над еден отсто

Индексите на Волстрит пораснаа за над еден отсто

volstrit56

Цените на акциите на Волстрит скокнаа за над еден отсто, благодарение на показателите од американската економија, но не владееше еуфорија бидејќи Фед ова недела би можел да ги крене каматите.

Dow Jones зајакна за 228 поени, или 1,40 отсто, на 16.599 поени, додека S&P 500 скокна за 1,28 отсто, на 1.978 поени, а Nasdaq порасна за 1,14 отсто, на 4.80 поени.

Во сите 10 сектори на S&P 500 пораснаа индексите, а најмногу за 1,7 отсто, зајакна индустрискиот сектор по подобрите од очекуваните економски показатели.

Вчера беше објавено дека прометот во трговијата на мало во САД порасна во август за 0,4 отсто, додека во претходниот месец растот е ревидиран на 0,6 отсто, што покажува дека потрошувачката на Американците расте.

Овие податоци на американската централна банка и даваат повеќе аргументи за зголемување на каматните стапки на претстојната дводневна седница, која завршува во четврток.

„Продолжува дебатата во врска со Фед. Сметам дека централната банка би требала да започне да ја нормализира монетарната политика и би имало повеќе штета од корист доколку зголемувањето на каматите се одложи за декември. Доколку Фед не ги зголеми каматите оваа недела, тоа би било лош сигнал“, вели Арт Хоган, стратег во компанијата Wunderlich Securities.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП