7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВино Скоп 2015 од 30-ти септември до 4-ти октомври на паркингот кај...

Вино Скоп 2015 од 30-ти септември до 4-ти октомври на паркингот кај Аквапарк

vinoskop-998

Најпознатиот македонски вински фестивал- Вино Скоп 2015, ќе се одржи од 30-ти септември до 4-ти октомври, традиционално по деветти пат.

Потврдено е учеството на над 20 најдобри македонски вински брендови кои како и секоја година по промотивни цени ќе ги презентираат своите вина, а ќе има и вкусни македонски деликатеси кои одлично одат со добра чаша вино.

Како збогатување на богатата винска и гурманска понуда е и музиката за душа.

Настапуваат: Бојан Маровиќ, Дани Димитровска, Миле Кузмановски, Куку Леле, Тони Зен и Флека, Лозано, Тијана Дапчевиќ, Суперхикс, Ристо Самарџиев, Тајзи, Бета Хаус и многу други.

Поради тоа што фестивалот од година в година е се поголем, локацијата е променета. Вино Скоп 2015 ќе се одржи позади С.Р.Ц „Борис Трајковски“ на паркингот кај АкваПарк.

Фестивалот е во организација на „Темов“ и со поддршка од Град Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП