6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗакрепнувањето на потрошувачката во Шпанија го зголеми профитот на Inditex

Закрепнувањето на потрошувачката во Шпанија го зголеми профитот на Inditex

inditex 333

Закрепнувањето на потрошувачката во Шпанија и топлото време ширум Европа помогнаа во силниот раст на продажбата на шпанскиот моден гигант Inditex во првата половина од тековната година.

Inditex, како најголем светски производител на облека со седиште во шпанскиот град Коруна, соопшти дека приходите од продажбата во локални валути во шест недели, заклучно со 10 септември, се зголемени за 16 проценти, пренесува агенцијата Ројтерс.

Како што е соопштено, продажбата на Inditex во шест месеци заклучно со јули оваа година пораснала за 7,0 проценти на годишно ниво, бидејќи поевтината нафта и растот на вработувањата во Шпанија донеле повеќе пари во џебовите на купувачите во текот на летото.

Нето профитот на Inditex во првата половина од 2015 година скокна за 26 процени, на 1,17 милијарди евра, наведува Ројтерс.

Со оглед на тоа дека производството на Inditex е лоцирано во близина на продажните места, оваа компанија е во состојба побрзо од ривалите да ја следи промената на побарувачката.

Околу тве третини од приходите, се остваруваат во Европа, а само Шпанија, чија економија постепено закрепнува , чини речиси една петтина од цлокупната продажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП