
Компанијата Мекларен актуелната финансиска година ја заврши со загуба, но тие очекуваат дека следната ќе биде профитабилна.


Компанијата Мекларен актуелната финансиска година ја заврши со загуба, но тие очекуваат дека следната ќе биде профитабилна.
Мекларен во 2012-та година, која завршува на 31-ви март, ќе забележат загуба од 10 до 12 милиони фунти. Директорот на фирмата, Мајк Флуит го потврди резултатот, но истакнува дека сепак не е така страшно како што изгледа, затоа што тие имале многу големи инвестиции во нови производи и во проширувањето на продажната мрежа.
„Ние сме малку пред работните планови кои ги предвидовме, но очекуваме во 2013-та година да имаме повеќе профит, а исто така тој раст да продолжи и во следните години“, истакнува Флуит.
На саемот во Женева компанијата го претстави хибридниот супремодел П1, кој ќе чини 1.07 милиони евра, а ќе биде направен во 375 примероци.
Мекларен во 2010-та година го лансираше моделот МП4-12ц, а малку подоцна истиот го претстави и во кабриолет верзија. Минатата година компанијата продаде 1400 автомобили, а во февруари ги објавија резултатите за 2011-та година и прикажаа загуба од 69 милиони фунти, пред да го платат данокот.
Оваа англиска компанија оваа година слави 50 години од своето постоење, а јубилејот ќе биде одбележан со церемонии во текот на целата година.