3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусите го намалија дефицитот на 2,1 проценти

Русите го намалија дефицитот на 2,1 проценти

rusija-ekonomija-ruru

Буџетскиот дефицит на Русија во периодот јануари-август изнесувал 994,155 милијарди рубљи, што е 2,1 проценти од бруто домашниот производ.

Во споредба со дефицитот во периодот јануари-јули тој е намален.

Според податоците на руското Министерство за финансии, буџетскиот дефицит во периодот јануари-јули изнесувал 1,1 билион рубљи, или 2,8 проценти од БДП. Очекувањата се дека на крајот на годината дефицитот на буџетот може да биде 3,0 проценти од БДП, пренесува ТАС.

Во извештајот на Министерството за финансии, исто така, наведено е дека во јули и август од девизната сметка на Фондот за резерви при централната банка продадени се девизи за 400 милијарди рубљи за финансирање на буџетот, наведува агенцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП