18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНаскоро на Фејсбук пристигнува опцијата Dislike

Наскоро на Фејсбук пристигнува опцијата Dislike

dislike 333

По неколку години дебатирање, изгледа „Фејбук“ е на само неколку чекори до воведување на опцијата „Dislike“ на оваа друштвена мрежа.

Шефот на „Фејсбук“ на последниот состанок во седиштето на компанијата изјави дека во следните неколку месеци планираат да ја воведат опцијата „не ми се допаѓа“, покрај постоечката „ми се допаѓа“.

Цукерберг истакна дека оваа можност ќе ги охрабри корисниците да ги искажат своите емоции, додека досега имаа само една опција.

„Корисниците веќе со години ме прашуваат за воведувањето на опцијата „dislike“. Денеска навистина е посебен ден, затоа што можам да потврдам дека работиме на тоа и дека наскоро оваа опција ќе биде достапна“, вели шефот на „Фејсбук“.

„Не секој момент е и добар момент. На пример, доколку споделувате содржина, како што е вест за бегалската криза или статус за смрт на некој член од семејството, не е пријатно да се „лајкува“ таква содржина“. Сметам дека на корисниците им е важно да имаат повеќе опции“, додава Цукерберг.

Овој вид на „оценување на содржините“ на друштвените мрежи веќе со години можеме да ја забележиме на некои други сервиси, како „YouTube“, па овој потег се чини како логично решение, пишува интернет страната Mashable.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП