1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВашингтон ја крева каматната стапка?

Вашингтон ја крева каматната стапка?

kam stapka

Некои од клучните земји во развој апелираа до САД да стави крај на долготрајната агонија на неизвесност и веднаш да ги подигне каматните стапки.

Бидејќи веќе се погодени од колапсот на цените на суровините, чиј пример ја забавува некогаш брзорастечката кинеска економија, самата перспектива за зголемување на каматната стапка во САД, негативно се одразува на земјите во развој, кои некогаш беа мотор за раст на глобалната економија, пренесува „Франс Прес“.

Привлечени од ветувањето дека ќе имаат повисок поврат од вложувањата кога „Фед“ ќе стартува со подигнување на каматните стапки, инвеститорите веќе започнаа да ги префрлуваат своите пари во безбедните американски дестинации.

Меѓутоа, Меѓународниот монетарен фонд (MMF) овој месец испрати предупредување против прераното зголемување на каматните стапки во САД, бидејќи го забавуваат растот на кинеската економија и колапсот на цените на суровини ја погодува целата светска економија, а особено земјите во развој.

Некои од клучните земји во развој би избрале брз пресврт, отколку болно исчекување.

„Одлуката на „Фед“ веројатно е најочекуваниот настан во последниов век“, изјави Гувернерот на централната банка на Перу, Хулио Валарде за јапонскиот весник „Никеи“ за време на минатонеделната посета на Токио.

„Тоа што изненадува е така големиот број на шефови на централни банки со кои разговарав и кои сакаат зголемувањето на каматните стапки да се случи во најскоро време“, вели Валарде.

Со него со сложува и Гувернерот на централната банка на Индија, Гагурам Раџан, додека Гувернерот на централната банка на Индонезија тврди дека состојбата во светот ќе се подобри, веднаш штом „Фед“ ќе ја донесе одлуката за зголемување на каматните стапки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП