17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHewlett-Packard укинува уште 25.000 работни места

Hewlett-Packard укинува уште 25.000 работни места

hp-2584745265

Американскиот технолошки гигант Hewlett-Packard, кој до крајот на годината ќе се подели во две компании, порача во вторник дека ќе укине уште 25.000 до 30.000 работни места за да се прилагоди на падот на побарувачката по негови производи.

Уште претходно компанијата најави укинување на околу 55.000 работни места во рамки на радикалниот повеќегодишен план на реструктуирање, кој вклучува остро смалување на трошоците и поделба на две компании.

Едната, која ќе се вика HP Inc, ќе се занимава со производство на компјутери и печатари, додека втората Hewlett-Packard Enterprise или HPE, ќе биде насочена кон брзорастечкиот пазар на хардвер и услуги за компаниите.

Новите најавени резови ќе го смалат вкупниот број на работни места во HP за најмалку 10 отсто, со оглед дека кон крајот на минатата година компанијата ширум светот имала повеќе од 300.000 вработени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП