18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОчекувањата за пад на залихите и производство во САД ја стабилизираа цената...

Очекувањата за пад на залихите и производство во САД ја стабилизираа цената на нафтата

nafta 02

Цената на барел нафта се стабилизираше во вторникот на светските берзи на ниво од 47 долари со оглед дека очекувањата за пад на залихите и производството во САД го ублажи влијанието од разочарувачките кинески податоци.

На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 24 центи во однос на претходното затворање на 46,61 долар. Вчера тргувањето го заклучи во минус од 3,7 отсто, а на американската берза со барелот се тргува по 32 центи повисока цена, од 44,32 долари. Вчера тргувањето го заклучи во минус од 1,4 отсто.

Вчера берзите ги погодија разочарувачки податоци за инвестиции и индустриското производство во Кина во август кои одново се потпреа на загриженоста за побарувачката, со оглед на очекувањата дека втората по големина светска економија во третиот квартал би можело да расте поблаго од седум отсто.

Противтежа на стравувањето од слабиот економски раст во Азија денеска беше прогнозата на компанијата за прибирање на пазарни податоци Genscape дека залихите на сирова нафта во клучниот јазол во Кушинг се намалени за 1,8 милиони барели. Вкупното ниво на залихи во минатата недела според очекувањата на повеќето аналитичари би требало да остане непроменето.

„Genscape прогнозира голем пад на залихите во Кушинг. Бројката за понуда и побарувачка наведуваат на заклучок дека ниските цени на нафтата почнуваат да влијаат врз растот на производството на сирова нафта во САД“, вели Оливие Јакоб од Petromatrix.

Неговата оценка се поклопува со онаа на Меѓународната агенција за енергија (IEA) дека актуелната саудиска стратегија за зачувување на пазарниот удел на крајот ќе резултира со истискување од пазарот на производителите кои имаат поголеми трошоци и намалување на производството за една четвртина во 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП