21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБерлин за намалување на структурните фондови за земјите кои се против бегалските...

Берлин за намалување на структурните фондови за земјите кои се против бегалските квоти

begalski-kvoti

Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер во вторникот по неуспешната средба за распределба на бегалците и мигрантите по земјите членки на Европската унија, ја спомена можноста членките кои одбиваат да ги прифатат задолжителните квоти бегалци, да добијат помалку пари од структурните фондови на Унија.

„Мораме да зборуваме за начините на притисокот“, изјави за германската јавна телевизија ZDF, министерот за внатрешни работи Томас де Мезиер.

Земјите кои одбиваат распределба во согласност со квотите „често се земји коишто примаат многу европските структурни фондови“, додаде Мезиер, и изрази жалење поради „изостанокот на солидарност“.

„Сметаме дека е праведно …. да примаат и помалку финансиски средства од Европа“, рече Мезиер додавајќи дека го одобрува сличниот предлог што го изнесе претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Во понеделникот навечер министрите за внатрешни работи на 28-те земји членки на ЕУ на итниот и вонреден состанок во Брисел, не успеаја да се договорат за задолжителните квоти за распределба на вкупно 120.000 бегалци. Против квотите беа земјите од Вишеградската група, Словачка, Чешка, Полска и Унгарија, како и Романија, Латвија и Велика Британија.

По средбата беше објавено дека постои начелна согласност за распределбата на 120.000 мигранти, како и дека за спроведувањето на таа согласност ќе се разговара на состанокот за министрите за внатрешни работи на 8-ми октомври во Луксембург.

Министрите, пак, претходно во понеделникот на истиот состанок во Брисел одлучија да се распределат 40.000 бегалци.

Станува збор за привремен вонреден механизам со кој треба да им се помогне на Грција и на Италија, земјите во коишто прво влегуваат бегалците од северна Африка, од Блискиот исток и од Азија на територијата на Европската унија. Одлуката се однесува на лицата коишто според меѓународното право имаат право на заштита и кои пристигнале или ќе пристигнат на територијата на ЕУ во периодот од 15-ти август 2015 до 16-ти септември 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП