20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААсани: Сигурноста на железничкиот сообраќај во Македонија е на високо ниво

Асани: Сигурноста на железничкиот сообраќај во Македонија е на високо ниво

zeleznici prugi

Генералниот Директорот на Јавното претпријатие Македонски железници Инфраструктура, Ирфан Асани, присуствува на меѓународната конференцијата за напредокот на безбедноста на железничкиот сообраќај која се одржува во Салцбург, Австрија.

Oваа конференција е една од поважните од овој вид во железничкиот сектор во Европа и светот, а е организирана од австриските железници за транспорт и инфраструктура, учество земаат претставници и директори од повеќе железнички компании од светот.

Целта на оваа конференција е зајакнувањето на сигурноста во железничкиот сообраќај во Европа и светот, како и намалување на сообраќајните несреќи.

За сигурноста во железничкиот сообраќај во Европа и светот говореа директорите на австриските, јапонските железници, како и директорите на ЦФФ, ФФС и многу други.

Директорот Асани во своето обраќање пред присутните истакна дека сигурноста на железничкиот сообраќај во Македонија е на високо ниво.

Според него, со последните инвестиции кои ги прави МЖ Инфраструктура се настојува железничкиот сообраќај во Македонија да биде најбезбеден во регионот и пошироко.

Асани во рамките на овој собир се сретна  со голем број на директори на европски и светски железнички компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП