28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК: Бугарија ќе биде еден од најголемите добитници од ЕЕЗ

ЕК: Бугарија ќе биде еден од најголемите добитници од ЕЕЗ

ек-еез

Бугарија ќе биде еден од најголемите добитници од Европската енергетска заедница (ЕЕЗ), од гледна точка на енергетска безбедност, подобро поврзување со соседите и диверзификација на давателите на енергија, изјави потпретседателот на Европската комисија, Марош Шевчович, пренесуваат бугарските медиуми.

Според него, работите во Бугарија треба сега да бидат насочени кон градење подобри односи меѓу одделни земји и разнообразноста на изворите на енергија.

„Ќе биде многу подобро доколку може да се испорачува гас од три различни извора. Работиме токму на таквата стратегија и анализираме како може да се постигне тоа. Гледаме дека Јужниот гасен коридор, кој носи касписки гас до Европа, оди премногу добро. Сметам дека проектот ќе биде завршен пред 2020-та година. Ќе претставиме нова енергетска стратегија, која може да биде уште еден извор на гас за Бугарија. Мислам дека е многу важно да работиме за тоа, да се прошири портфолиото на вашите добавувачи, за да има фер однос и цена, и да бидеме сигурни дека Бугарија ќе има поголема енергетска безбедност “, додал Шевчович.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП