26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Британија повторно на нула

Инфлацијата во Британија повторно на нула

@

Годишната стапка на инфлација во Британија опадна во август на нулта ниво од 0,1 проценти во јули, поради бавниот раст на цената на облеката во однос на минатата година, покажаа денес објавените официјални податоци на британската канцеларија за статистика (ONS).

На падот на инфлацијата исто така влијаеа цените на горивата и храната, се наведува во соопштението на ONS, пренесува Франс прес.

Најновите податоци се во согласност со пазарните очекувања, а аналитичарите и понатака очекуваат дека централната банка на Англија во претстојните месеци ќе започне со зголемување на референтната каматна стапка од историскиот минимум.

„Побавниот раст на цените на облеката во август во споредба со истиот период минатата година, е клучна причина за благиот пад на инфлцијата во осмиот месец оваа година“ се наведува во соопштението на ONS од каде додаваат дека цените на храната и моторните горива исто така влијаеле на намалувањето на стапката на инфлација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП