25 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLevi Strauss наместо фармерки, се повеќе продава ремени

Levi Strauss наместо фармерки, се повеќе продава ремени

strauss_levi

Најпознатиот производител на фармерки, американски „Levi Strauss“, објави дека продажбата на ремени и модни додатоци расте значително побргу од продажбата на фармерки.

Компанијата и натаму остварува 80 отсто од приходите од продажбата на фармерки, но се подготвува приходите од додатоци да достигне удел во продажба од 50 проценти, изјави претседателот Џејмс Курлегх.

„Секој во категоријата на модната индустрија, расте побрзо од џинсот“, додава претседателот.

„Levi Strauss“ минатата година објави приходи од продажбата во вредност од 4,8 милијарди долари. „Levi’s“ неодамна ја освежи својата женска линија со цел да одговори на предизвиците од страна на конкуренцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП