12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкопје Сити Мол се подготвува за претстојниот Balkan Bike Festival

Скопје Сити Мол се подготвува за претстојниот Balkan Bike Festival

bike majk

Macedonia X-Treme 2015: Balkan Bike Festival започнува во петок на платоата пред Скопје Сити Мол и пешачките зони долж Бул.Партизански Одреди и ул.МАНАПО, а подготовките течат во најдобар ред.

Претстојниот светски FMB сребрен настан се очекува да биде спектакуларно и адреналинско шоу кое ќе разбуди восхит кај сите возрасти.

За овој FMB Silver настан веќе се постави земјена патека, долга 150 метри со ширина од 10 метри, со почетна скокалница висока неверојатни 15 метри, а долга 30 метри и три помали скокалници со висина од 2,5 метри и четири вештачки ридови со висина од четири метри.

Богатата и разновидна понуда ветува многу, а во истата се вклучени разни егзибиции и акробации, како BMX натпреварот во склоп на кој ќе бидат распространети BMX рампи на простор од 500 м2 специјално за овој светски настап за првпат на Балканот, каде ќе настапат повеќе од 40 натпреварувачи од шест држави.

Англиската акробатска група од Лондон, Savage Skills, ќе има свои free style егзибици, а ќе присуствува и трократниот европски првак, Бен Савич од Англија, кој веќе е пристигнат во Скопје и ќе биде дел од овој несекојдневен настан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП