17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на фотографии од Дарко Мораитов

Изложба на фотографии од Дарко Мораитов

darko-moraitov

Во вторник, во Младинскиот културен центар, со почеток во 20.30 часот ќе се отвори изложба на фотографии од Дарко Мораитов, насловена „Парадокс“.

На изложбата ќе се обрати рецензентот Влатко Галевски. Изложбата ќе биде поставена до 2 октомври, а од 3 октомври („Бела ноќ 2015“) ќе биде поставена изложбата на Горјан Георгиев, насловена „Протест-сексплозија“.

Извадок од рецензијата на Влатко Галевски: „Парадокс – „Еден навидум неприфатлив заклучок кој произлегува од навидум прифатлива премиса, по пат на навидум прифатлив заклучок“.

„Парадоксите“ на Мораитов не се просторни туку временски. Затоа можат да се „дефинираат“ како „мината иднина“, како духовен и церебрален баланс на противречности. Иницијалниот футуризам во мотивите на Мораитов не е во функција на конечно раскинување со минатото, туку делува како допир на традицијата и побуната, како спој на помнењето и идејата. Мисла без парадокс е како љубовник без страст, фотографија без парадокс е како фригидна метреса.“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП