12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Штипска пастрмалијада 2015“: Организаторот очекува да го надмине ланскиот број на продадени...

„Штипска пастрмалијада 2015“: Организаторот очекува да го надмине ланскиот број на продадени пастрмалии

пастрмајлија

На осмото издание на манифестацијата „Штипска пастрмалијада 2015“ ќе се претстават 26 угостители со свои штандови, како и три винарии.

„Оваа година имаме помал број на угостители, но сепак станува збор за квалитетни имиња бидејќи суштината е да имаме квалитет наместо квантитет. Затоа и оваа година нема диви продавачи, сите проблеми кои се јавија лани се надминати и решени, ќе се внимава строго на квалитетот на пастрмлијата, на услугата, а следствено на тоа, зголемена е површината која секој од учесниците ја има за штандовите“, вели Емил Попадинов, коорднатор на угостителите.

И годинава Штип очекува да го надмине бројот на продадени пастрмалии. Тие ќе бидат унифицирани и по цена од 120 денари. Општинска комисија ќе прави редовни контроли на квалитетот и големината на пастрмалиите согласно утврдениот правилник за брендираната пастрмалија, како и можноста од поставување на штандови на диви-угостители. Очекувањата се дека годинава ќе се направат околу 150.000 пастрмалии.

Посетителите ќе ги забавуваат повеќе домашни и регионални музички ѕвезди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП