
Рејтинг агенцијата „Moody’s“ го намали кредитниот рејтинг на Египет за еден степен на Caa1 со B3, со негативна прогноза.


Рејтинг агенцијата „Moody’s“ го намали кредитниот рејтинг на Египет за еден степен на Caa1 со B3, со негативна прогноза.
Причина за тоа е, наведува агенцијата, политичката нестабилност и значајното слабеење на економијата.
„Две години од почетокот на револуцијата во Египет, нерешената политичка криза значајно ја ослабе економијата во земјата“, наведуваат од „Moody’s“, а пренесува агенцијата „France press“.
„Позицијата на Египет во областа на меѓународните плаќања е влошена, а состојбата на јавните финансии исто така е во лоша состојба поради која, изложеноста на Египет на економски и политички шокови е зголемена“, оценува агенцијата.
„Moody’s“, како една од причините за кратење на рејтингот, ја истакна долготрајната неизвесност околу способноста на египетската влада да обезбеди финансиска подршка за Меѓународниот монетарен фонд.