22 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАИмајте стил и на работа: Еве како треба да изгледа деловната жена

Имајте стил и на работа: Еве како треба да изгледа деловната жена

stil-rabota

Без оглед колку некои лица милат дека изгледот не е важен, тоа не е вистина, особено кога станува збор за вашето работно место. Луѓето често не дефинираат врз основа на она што го носиме, и затоа би требало да размислите што ќе облечете за на работа.

Ова се некои комбинации кои никако не смеете да ги носите на работа.

1. Не носете валкана или изгужвана облека

Кога ќе тргнете на работа, проверете дали облеката ви е складна. Водете сметка за тоа на вашата облека да нема дамки, бидејќи таа секогаш треба да биде чиста и испеглана. Исто така, вашата коса и нокти треба да бидат чисти, и секогаш треба да носите облека која е во добра состојба.

2. Не носете облека која премногу открива

Мини здолништата, маиците со длабоко деколте или кошулата со откопчано копче не би требало да бидат комбинациите кои ќе ги носите на работа. Луѓето можат да создадат погрешно мислење за вас како за некој кој не е доволно професионален, а таквото мислење подоцна тешко е да се промени.

3. Не носете премногу обични работи

Доколку не ги сакате деловните одела и ви е дозволено на работа да доаѓате во поопуштена варијатна, тогаш е во ред, но сепак запрашајте се колку опуштена. Облеката во која одите на прошетка или со пријателките на кафе треба да ја избегнувате.

4. Не носете маици со навредливи пораки

Ако ви е дозволено на работа да доаѓате во маици со натписи, водете сметка да не се навредливи за другите. Секако ваквите натписи треба генерално да ги избегнувате, не само на работа.

5. Не носете премногу светкава облека

Кога одите во клуб, облеката со шљокици е сосема во ред. Сепак, ваквите парчиња облека избегнувајте ги на работа бидејќи не оставаат впечаток дека сте сериозна личност.

6. Не ставајте премногу парфем

Особено ако станува збор за силни парфеми, потрудете се да не претерате со нив. На работа секогаш постојат лица на кои им сметаат силните парфеми, кои можат да предизвикаат кивавица и непријатност за нив и за вас, а и се што е претерано не е убаво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП