17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдржани обуки на вработените во надлежните служби во општините од Скопскиот плански...

Одржани обуки на вработените во надлежните служби во општините од Скопскиот плански регион на тема имплементација на Законот за градежно земјиште и Законот за просторно и урбанистичко планирање

caa

Денеска во организација на Министерството за транспорт и врски и Министерството за локална самоуправа се одржаа обуки на вработените во надлежните служби во општините од Скопскиот плански регион на тема имплементација на Законот за градежно земјиште и Законот за просторно и урбанистичко планирање.

Претставници од Министерството за транспорт и врски преку стручни презентации на присутните вработени од ЕЛС, детално им ги образложијa новите законски измени и решенија и воведувањето на софтверските системи со кои треба да се постиге поквалитена испорака на локалните услуги, а кои се во интерес на граѓаните и правните субјекти.

Обуката се реализира по барање на општините со цел навремено и точно информирање за донесените законски решенија и нивна понатамошна примена во практичната работа на локaлните самоуправи.

Особено значајна е промоцијата на електронските алатки во примена на самите законски решенија, конкретно воведување на услугата “е-урбанизам” која согласно новиот Законот за просторно и урбанистичко планирање, секоја изработка и донесување на  наведена планска документација ќе се спроведува во електронска форма. Од аспект на Законот за градежно земјиште се презентираше постапката која се однесува на отуѓување и давање под долготраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на јавно наддавање.

caa

Настанот кој се спроведува од страна на Центaрот за развој на Cкопскиот плански регион е финансиран од Министерството за локална самоуправа и УНДП, а го отворија Државниот секретар на Министерството за транспорт и врски, Божидар Петроски, Државниот секретар на Министерството за локална самоуправа, Билјана Цветановска Гугоска и Претседателот на Скопскиот плански регион, Сокол Митревски.

На обуките присуствуваа претставници од ЕЛС од Скопскиот плански регион и Градот Скопје, како и вработени во секторите за урбанизам, комунални работи и од општинските градежни инспекции.

Министерството за локална самоуправа и Министерството за транспорт и врски, во соработка со Центрите за развој на планските региони и во наредниот период ќе продолжат со спроведување на специјализирани обуки од овој тип со цел да одговорат на потребите и на останатите општини во Република Македонија.

cbb

ccc

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП