10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто навистина значат броевите на платежните картички?

Што навистина значат броевите на платежните картички?

1-1204463487cJKy

Низата бројки на нашите кредитни или дебитни картички е збунувачка дури и за најупатените. Во јавноста излегоа погрешни информации за бројките на картичките. Еве што тие всушност значат.

Секој број има важна улога во идентификувањето на провајдерот на картичката, банката или информацијата за сметката, така што овозможува сигурна проверка.

Генерално, првиот број или првите два броја на кредитните или дебитните картички го означуваат провајдерот на картичката, а останатите бројки одредуваат се – од валутата која се користи, до банката која ги обработува трансакциите, до индивидуален број на сметката.

Но, постојат разлики во зависност од видот на картичките, а еве кои се тие…

American Express

American Express ги користи првите два броја за да се идентификува. Тоа значи дека на картичката од American Express првите две бројки секогаш се 34 или 37. Третиот и четвртиот број го означуваат типот на картичката и валутата која се користи. Следните шест бројки го претставуваат бројот на вашата сметка, додека броевите од 12 до 14 го означуват бројот на картичката. Последниот број е број за проверка, кој е намерно поставен за заштита од грешки и измами.

Visa

Visa картичките имаат слична формула, со неколку разлики.

Првиот број за сите Visa картички е четири, а следните шест бројки се поврзани со финансиската институција. Од седмиот до 12. број, или од седмиот до 15. број се оние бројки кои ја претставуваат вашата сметка. А броевите од 13 до 16 служат за проверка.

Mastercard

Кај картичките на MasterCard првиот број секогаш е пет. Вториот и третиот, вториот и четвртиот или вториот и петтиот го претставуваат бројот на банката. Потоа, секој број до 15 го престстваува бројот на сметката, додека последниот, 16. е број е за проверка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП