20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКараванот „Купи куќа, купи стан” оваа среда е во Прилеп

Караванот „Купи куќа, купи стан” оваа среда е во Прилеп

kupi kuka kupi stan12221

Караванот „Купи куќа, купи стан”, оваа среда, е во Прилеп, а сите заинтересирани за проектот можат да дојдат на презентацијата која ќе ја одржи Министерството за финансии во зградата на општината во 16.30 часот.

На презентацијата ќе учествуваат и градежни фирми од Прилеп кои имаат понуда на станови, како и претставници од банките.

Караванот „Купи куќа, купи стан” има цел да го приближи проектот до сите заинтересирани граѓани низ Македонија. Екипата составена од претставници од Министерството за финансии, банките и локалните градежни компании секоја наредна среда ќе посетува различни градови, како Струмица, Велес, Куманово и Тетово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП