18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ го поддржува подобрувањето на системот за бесплатна правна помош во Македонија

ЕУ го поддржува подобрувањето на системот за бесплатна правна помош во Македонија

besplatna-pravna-pomosh

Наодите од мониторингот на спроведувањето на Законот за бесплатна правна помош, кој е финансиран од Европската унија, ќе бидат презентирани во вторник во Скопје.

Проектот „Пристап до правда во Македонија“ се спроведуваше во последните 18 месеци, со финансиска поддршка од Европскиот инструмент за демократија и човекови права (EIDHR) на Европската унија.

Проектот вклучи активности за мониторинг на спроведувањето на Законот за бесплатна правна помош, врз основа на методологија развиена и применета од страна на Фондацијата Отворено општество – Македонија и мрежата од 6 овластени здруженија за обезбедување бесплатна правна помош.

Во текот на проектот, правни совети беа обезбедени за повеќе од 1.800 граѓани од ранливите групи за да решат некој конкретен правен проблем со кој се соочуваат; поднесени беа вкупно 159 барања за правно застапување во судски постапки финансирано од државата; покренати беа административни спорови против 13 одлуки со кои се одбива барање за бесплатна правна помош пред Управниот суд. Освен тоа, шесте здруженија овластени за обезбедување претходна правна помош ги изградија своите капацитети и добија директна поддршка за нивната работа.

Овој проект, финансиран од ЕУ, има за цел да придонесе во подобрувањето на системот за заштитата на човековите права во земјата. Исто така, проектот се фокусираше на идентификување на слабостите во примената на Законот за бесплатна правна помош, преку директно вклучување во овој механизам. Проектот претставува продолжување на повеќегодишните заложби на здруженијата кои работат на примената на овој суштински инструмент за заштита на човековите права.

Конкретните цели на проектот подразбираа активно учество во и следење на примената на Законот за бесплатна правна помош, за да се направи независна оценка на слабостите во примената на Законот и да се подготват препораки за подобрување на јавната политика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП