3 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонската економија остварила раст од 2,6 отсто во вториот квартал

Македонската економија остварила раст од 2,6 отсто во вториот квартал

rast ekonomija 333

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) на Македонија за второто тримесечје од 2015 година изнесува 2,6 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Најголем пораст во второто тримесечје забележан е во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување од 13,8 отсто.

Следат дејностите Стручни, научни и технички дејности и Административни и помошни услужни дејности со раст од по 12,6 отсто, Градежништво со раст од 6,2 отсто и Трговија на големо и трговија на мало со 5,5 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2015 година номинално се зголемила за 2,4 отсто, а нејзиното учество во структурата на БДП изнесува 72,3 отсто.

Во наведениот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 8,3 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 2,7 отсто.

Претходно во првото тромесечје од годината растот изнесуваше 3,2 отсто на годишно ниво, а во вториот квартал од 2014 година беше евидентиран раст од 4,3 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП