3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлаг пад на цената на нафтата, разочараа кинеските податоци

Благ пад на цената на нафтата, разочараа кинеските податоци

nafta 222

Цената на нафтата благо падна во понеделникот притисната од кинеските податоци кои потфрлија во однос на очекувањата, поттикнувајќи ги стравувањата дека намалената глобална побарувачка би можела дополнително да го зголеми вишокот на страна на понудата.

На лондонската берза цената на барелот падна за 38 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 47,76 долари. На американската берза со барелот денеска се тргува по непроменета цена од 44,63 долари.

Кина и на почетокот на оваа недела беше во фокус на берзите, кои овој пат се насочија на потфрлањето на инвестициите и индустриското производство во август во поглед на очекувањата. Со оглед на серијата слаби показатели од втората по големина светска економија зголемени се изгледите дека темпото на раст во третото тромесечје прв пад од финансиска криза ќе биде послаба од седум отсто.

„Реакцијата на кинеските податоци беше распространета на широка лепеза на берзите од стоки и индустриски метали до хартии за вредност“, констатира Бјорн Шилдроп од норвешки SEB.

Послабиот економски раст во Кина ги зголемува стравувањата од послаба побарувачка за нафта која дополнително би го влошила вишокот на страната на понудата. Поизразен пад на цената сопре сепак Меѓународната агенција за енергија (IEA) дека актуелната саудиска стратегија за зачувување на пазарниот удел на крајот ќе резултира со истискување од пазарот на производителите кои имаат поголеми трошоци и намалување на производството за една четвртина во 2016 година.

Оваа недела во фокусот на инвеститорите ќе биде американската централна банка, односно нејзината потенцијална одлука за промена на клучните каматни стапки. Доколку Фед ги крене каматите прв пат за 10 години, се очекува доларот да зајакне, а цената на нафтата падне, поради намалената куповна моќ на оние кои поседуваат други валути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП