20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов оглас за вработување на 125 професионални војници

Нов оглас за вработување на 125 професионални војници

arm 3w3

Министерството за одбрана објави јавен оглас за прием на 125 професионални војници за служба во Армијата на Република Македонија.

Идните потенцијални професионални војници за да станат дел од АРМ ќе биде потребно да ги исполнуваат општите и посебните услови наведени во јавниот оглас.

Министерството ќе ги ангажира најдобрите кандидати за професионални војници со развиени психофизички способности и високи морални и етички стандарди.

„Министерството за одбрана ги повикува сите граѓани не постари од 25 години до денот на завршување на огласот, кои сакаат да придонесат за безбедноста и заштитата на територијален интегритет и суверенитет на Република Македонија да ја искористат можноста и да бидат дел од Армијата на Република Македонија“, стои во огласот од МО.

Неодамна во редовите на Армијата беа примени 125 професионални војници. Со завршувањето на оваа фаза на прием која започна деновиве, ќе се заокружи и најавениот процес за прием на 250 професионални војници во служба на Армијата на Република Македонија“, соопштуваат од Министерството.

Можноста за пријавување на Огласот е до 27-ми септември. Јавниот оглас е објавен на веб страната на Министерството за одбрана на следниов линк:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП