26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на индустриското производство во еврозоната

Раст на индустриското производство во еврозоната

ind proiz

Индустриското производство во еврозоната порасна за 0,6% во јули на месечна основа, посочија објавените податоци на Еуростат.

Тоа беше најдобрата презентација на показателот од февруари и знак за добрата состојба на европската економија. За споредба, во јуни показателот регистрирал пад од 0,3% на месечна основа, посочија уште податоците.

Резултатот ги надмина речиси за два пати просечните очекувања на аналитичарите. На годишна основа индустриското производство се зголемило за 1,9%, според извештајот. Економската доверба кај четиригодишниот максимум, во комбинација со изненадниот пад на безаработицата во еврозоната во јули и доброто претставување на индустриското производство, ги принудуваат аналитичарите да очекуваат добар раст на европските економии во третиот квартал.

Ирска е земја членка на ЕУ со најголем раст на показателот, а таму индустриското производство се зголемило со 17,9% на годишна основа во јули. На месечна основа земјата е повторно на врвот на листата по раст со зголемување од 7.2%. Данска е земјата каде индустриското производство се намалило најмногу на месечна основа или со цели 4.6%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП