15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИToshiba не може да ја сокрие својата загуба

Toshiba не може да ја сокрие својата загуба

Toshiba1999

Јапонскиот електронски гигант Toshiba објави оперативна загуба во првиот квартал од неговата деловна година од 80 милиони евра.

Ваквиот пад сe случи поради намалената продажба на пазарот за телевизори и персонални компјутери.

Јапонскиот конгломерат во првиот квартал од фискалната година, од април до јуни, забележа оперативна загуба од 10,93 милијарди јени (80,2 милиони евра), додека една година претходно забележа профит од 47,7 милијарди јени, пренеусва Ројтерс.

Приходите во првиот квартал се намалени за пет проценти, на 1,350 милијарди јени, што е последица на лошата продажба на персонални компјутери и телевизори, прецизираше британската агенција.

Овој индустриски конгломерат го одложуваше соопштувањeто на резултатите за фискалната 2014-2015 година, завршена на крајот на март, поради наводните сметководствени грешки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП