3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОсигурувањето од сајбер напади ќе достигне 7,5 млрд. долари до 2020 година

Осигурувањето од сајбер напади ќе достигне 7,5 млрд. долари до 2020 година

сајбер-напади

Пазарот на осигурување од последиците на сајбер нападите ќе се утростручи до 2020 година, па тогаш годишните премии би можеле да достигнат 7,5 милијарди долари, а индустријата за осигурување би можела да се соочи со нови конкуренти, како што е Google, доколку брзо не реагира со развој на нови производи, се наведува во извештајот на компанијата PricewaterhouseCoopers.

Осигурителите и реосигурителите пресметуваат големи цени за осигурување од сајбер напади и ги ограничуваат потенцијалните загуби, што ги одвраќа компаниите од купување на сајбер полиси, наведува компанијата во извештајот. Некои осигурители се држат подалеку од тој пазар, свесни за вклучениот ризик.

„Ако индустријата реагира доцна, постои опасност конкурентите да влезат на тој пазар со агресивно кастрење на цените или со понуда на поповолни услови“, наведува PricewaterhouseCoopers.

Младите луѓе на возраст од 20 до 30 години веројатно ќе имаат повеќе доверба во брендовите како што се Google или Apple, отколку во конвенционалните осигурители, рече Пол Делбриџ, партнер на PricewaterhouseCoopers, истакнувајќи дека технолошките компании можат подобро од осигурителите да го проценат сајбер ризикот.

Поголемиот дел од 2,5 милијарди долари од премиите за осигурување од сајбер напади минатата година се однесуваше на САД, каде што бројните кражби на информатички податоци го насочија вниманието кон сајбер заштитата.

Но, се очекува Европската унија(ЕУ) да го следи примерот на САД и силно да го поддржи растот на сајбер осигурувањето, рече Делбриџ.

Според извештајот, што минатата недела го објави германскиот осигурител Allianz, пазарот на осигурување од сајбер напади би можел да нарасне и на 20 милијарди долари до 2025 година.

„Постои општ тренд кон режимите на посилна заштита на податоци, потпомогнат со заканата од значителни парични казни во случај на кршење“, рече Најџел Персон, одговорен за сајбер осигурување во Allianz Global Corporate&Specialty.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП