17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАФилмот „Медена ноќ“ единствен пријавен и избран кандидат за Оскар од Македонија

Филмот „Медена ноќ“ единствен пријавен и избран кандидат за Оскар од Македонија

medena-noc

Филмот „Медена ноќ“ на режисерот Иво Трајков е избран за македонски кандидат на 88-то издание за наградата Оскар на Американската академија за подвижни слики, уметност и наука за филмови од неанглиско говорно подрачје.

Филмот бил единствен пријавен за оваа награда, и бил избран едногласно.

„Ова е филм којшто ги задоволува естетско продукциските стандарди и вредности, кој во еден познат филмски израз следни две наративни линии од живото на главниот лик, едната од приватниот, а другата во професионалниот живот, карактеристични за општествените збиднувања и политичките скандали како реалност во која живееме во изминативе години од нашето осамостојување“, соопштуваат од Друштвото на филмски професионалци.

Членови на комисијата за избор се Бранко Петровски, Дарија Пејовски, Емил Рубен, Владимир Самоиловски, Антонио Митриќески, Емилија Ивановска Атанасовска и Ѓорѓи Клинчаров.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП