18 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОткриено зошто некои пушачи доживуваат длабока старост

Откриено зошто некои пушачи доживуваат длабока старост

pusac 3030

Научниците успеале да откријат зошто некои пушачи доживуваат долговечност, иако аргументите на медицинските лица се дека токму пушењето го скратува животот.

Постојат огромен број научни студии, текстови и секојдневни стории кои пушачите ги предупредуваат на тоа дека со пушењето ризикуваат предвремена смрт. Но зависноста често е толку силна, а примерите на пушачи кои доживуваат длабока старост ги охрабруваат другите дека можеби и не е сè така црно.

Американските научници откриле дека кај пушачите што живеат долго заеднички им се гените на долговечност, што им овозможува да бидат поотпорни на штетните состојки од цигарата, но и сите останати загадувања околу нас. Сопствениците на гените за долговечност имаат 11 отсто помали шанси да заболат од некој вид на рак, пишува Daily Mail.

„Кај пушачите што доживуваат длабока старост се откриени низа генетски маркери кои се исти како маркерите кај лицата што доживуваат длабока старост, а не се пушачи. Тие гени функционираат така што поттикнуваат побрзо закрепнување на клетките и се заслужни за нивната отпорност на редица штетни ефекти на кои луѓето се изложени, како пушењето“, рече Морган Левин, научничка од Универзитетот во Калифорнија.

Светската здравствена организација(СЗО) тврди дека денеска половина од пушачите умираат од последиците на таа штетна навика, а секоја година од последиците од пушењето умираат околу шест милиони луѓе. Од тие причини, пушењето се смета за „најголема епидемија со која светот досега се соочил“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП