28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија разочара, економијата тоне

Јапонија разочара, економијата тоне

japonija-japan

Јапонската економија во изминатиот квартал потона помалку отколку што првично се мислеше, покажаа ревидираните податоци во Токио.

Економските резултати сепак се разочарувачки и ја поттикнаа јапонската централна банка да ја разгледа можноста за дополнителни стимулации за поддршка на влошената економија.

Владата во Токио соопшти дека третата по големина светска економија во вториот квартал потонала за 0,3 проценти, а не за 0,4 проценти како што првично беше проценето, додека аналитичарите прогнозираа пад од 0,5 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

Најновите податоци за бруто домашниот производ претставуваат уште еден важен предизвик за премиерот Шинзо Абе, чија програма за поттикнување на економијата и инфлацијата позната како „Абеомикс“ наиде на бројни препреки, вклучувајќи ја хронично слабата домашна побарувачка и забавувањето на кинеската економија кое влијаеше и на извозот.

Гувернерот на банката на Јапонија, Харухико Курода порача дека банката ќе ја разгледа можноста за зголемување на рекорндата шема за купување на обврзници вредна 80 билиони јени (640 милијарди долари) годишно, слични шеми ќе спроведува и централната банка на САД, доколку ниските цени на нафтата ја задржат инфлацијата во Јапонија влизу нулта нивото.

Во првиот овогодишен квартал, Јапонија евидентираше економски раст од 1,1 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП