16 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГерманскиот Tele Columbus ја купува Pepcom за 608 милиони евра

Германскиот Tele Columbus ја купува Pepcom за 608 милиони евра

tele columb

Третиот по големина германски кабелски оператор „Tele Columbus AG“ ја спроведува втора зделка за стекнување во рок од два месеци. По „Primacom“ сега компанијата со седиште во Берлин ќе го купи и својот конкурент „Pepcom GmbH“, за да создаде заедничка компанија која ќе достигне до 3,7 милиони домаќинства, пренесува „Ројтерс“.

Трансакцијата се проценува на 608 милиони евра, вклучувајќи го и долгот на стекнатата компанија. „Pepcom“ досега беше сопственост на финансискиот инвеститор „Star Capital“ кој ќе касира од трансакцијата 505 милиони евра.

„Tele Columbus“ во моментов обезбедува интернет, телефонија и премиум ТВ услуги на 2,8 милиони домаќинства во Берлин, Бранденбург, Саксонија, Саксонија-Анхалт и Тирингија, додека клиентите на „Pepcom“ се во Баварија и Хесен, пред се во Минхен, Нирнберг и Франкфурт.

Групацијата „Tele Columbus“ е создадена од спојувањето на одделни регионални кабелските оператори и е трет по големина оператор во Федералната република по лидерите во индустријата „Kabel Deutschland“, сопственост на „Vodafone“, и „Unitymedia Kabel BW“, сопственост на „Liberty Global“.

Од „Tele Columbus“ изјави дека очекува трошоци од 13 милиони евра и инвестициска синергија во износ од 2 милиони евра во рок од 24 месеци по завршувањето на трансакцијата.

Во јули „Ројтерс“ јави дека „Tele Columbus“ е водечкиот кандидат за договор за „Рepcom“, компанија која тогаш беше проценета на околу 700 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП