17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТретина од европското богатство е сопственост на 1,0 отсто од богатите

Третина од европското богатство е сопственост на 1,0 отсто од богатите

mani mani 30303

Околу една четвртина од Европејците, или 123 милиони луѓе живеат во сиромаштија, а само еден процент од најбогатите поседува една третина од европското богатство. Со други зборови, седум милиони од најбогатите Европјани имаат исто ниво на богатство како најсиромашните 662 милиони граѓани.

Ова се податоците од извештајот „Европа во служба на поголемиот дел“ од меѓународната организација за развој „Оксфам“, со кој се „осветли“ фактот дека растечката нееднаквост ја попречува ефикасната борба против сиромаштијата.

Помеѓу 2009-та и 2013-та година, бројот на Европејци, кои веќе не се во можност да ги плататат сметките за греење, ниту пак да се справат со непредвидени трошоци, порасна од 7,5 милиони на 50 милиони луѓе.

Според податоците на банката „Credit Suisse“, додека помалку од еден процент од најбогатите Европејци се сопственици на околу една третина од вкупното богатство на континентот, 40 проценти од најсиромашните располагаат со помалку од еден процент од вкупното нето богатство на Европа.

Европа сега има 342 милијардери, според „Оксфам“.

Во извештајот се нагласува огромното влијание на најбогатите луѓе, мултинационалните корпорации и интересни групи на европските политичари.

Меѓу компаниите кои ја советуваат Европската комисија во врска со даночните реформи, 82 проценти ги застапуваат приватните и комерцијалните интереси.

„Оксфам“ потсетува дека е крајно време за Европа повторно да ја преземе улогата на светски лидер промовирајќи прогресивна програма која ќе им се обрати сите, не само на моќната и богата елита.

„Европа оставнува еден од шесте најбогати регион во светот каде што не треба да постои сиромаштија. Сега највлијателните лидери мора да покажат политичка волја да се расчисти со екстремната сиромаштија и нееднаквост во Европа“, се додава во извештајот.

„Оксфам“ им препорачува на институциите на ЕУ и земјите-членки да ја зајакнат институционалната демократија, и понатаму да инвестираат во јавните служби, за да се гарантира работа и пристојна плата за нивните граѓани, како и развој на праведен даночен систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП