12 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНаучниците ја утврдија главната причина за предвремената смрт

Научниците ја утврдија главната причина за предвремената смрт

image001

Американските научници, проучувајќи ги главните ризици за здравјето кај човекот во рамките на истражувањето спроведено во 108 земји во периодот од 1990 до 2013 година, утврдија дека најчестата причина за прераната смрт е нездравата исхрана, објави американскиот институт Health Metrics and Evaluation (IHME).

Според стручњаците, неправилната исхрана ја карактеризира малата потрошувачка на овошје, зеленчук, житарки и јаткасти плодови и со зголемување на консумирањето на црвено месо, сол и зашеќерени безалкохолни пијалаци.

Научниците, исто така, укажуваат дека нездравата исхрана има негативно влијание врз човековото здравје, уште повеќе при консумирање на алкохол и тутун. Лошата исхрана води и кон нестабилност на функционирањето на организмот, што пак води до појава на многу болести и фаталните заболувања како што се срцевите и мозочните удари, дијабетесот и други хронични заболувања.

Во рамките на истражувањето било утврдено и дека истите фактори на ризикот имаат различни ефекти врз морталитетот во различни земји. На пример,во југоисточна Азија и Индија, луѓето почесто умираат од загадената природна средина, а истовремено во земјите со висок животен стандард една од главните причини за смртноста е пушењето, а во Латинска Америка и Блискиот исток, пак, главниот ризик за здравјето е прекумерната тежина. Во африканските земји научниците наведуваат неколку основни фактори кои предизвикуваат до прерана смрт, како што се неисхранетост, нечистата вода, сексот без заштита и консумирањето алкохол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП