18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Центар ги казни „Чао“, „Нола“ и „Ван-Гог“ поради гласна музика

Општина Центар ги казни „Чао“, „Нола“ и „Ван-Гог“ поради гласна музика

ops

Оштина Центар во неделата информираше дека продолжува со  инспекциски контроли на јачината на музиката во кафулињата на територија на општината.

Притоа се истакнува дека граѓаните се почесто пријавуваат дека музиката која доаѓа од кафулињата „ечи“ и им го нарушува сонот и мирот.

Како резултат на пријавувањата на граѓаните, минатиот викенд во три објекти е извршена контрола и е констатирано надминување на максималното дозволено ниво на бучава.

На кафулињата „Чао“, „Нола“ и „Ван-Гог“ им се изречени казни и општината апелира до сопствениците да се придржуваат до пропишаните правила и да не надминуваат гласност од 45 децибели. Доколку кафулињата не ги платат казните против нив ќе се поднесат прекршочни пријави.

Општината ги повикува граѓаните да се вклучат и помогнат во решавањето на овој горлив проблем така што ќе пријават гласна музика, за да можат  инспекциските служби брзо да реагираат и преземат соодветни мерки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП